Ноќ на дронови и ракети: Украина пресретна 453 руски дрона

Украина соопшти дека во текот на ноќта биле пресретнати 19 ракети и стотици дронови во напад насочен кон повеќе региони.

Украинската противвоздушна одбрана пресретнала 19 руски ракети и 453 дрона во текот на ноќта, соопшти украинската војска на социјалните мрежи.

Според соопштението, девет ракети и 26 нападни дронови погодиле цели на 22 различни локации, додека остатоци од соборени дронови биле пронајдени на уште пет места.

Главни цели на нападите биле Киев, Харкив, Житомирската, Хмелницката и Чернивската област, соопшти украинската армија.

Од друга страна, руското Министерство за одбрана соопшти дека нивната противвоздушна одбрана пресретнала и уништила украински дронови.

Според Москва, најголем број дронови биле соборени над Брјанската област, каде биле уништени 29 дронови. Дополнителни 15 биле соборени над Орловската област, а 11 над Белгородската област.

Руското Министерство за одбрана не соопшти дали има штети предизвикани од тие напади.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни