Дипломатските напори за завршување на војната во Украина сè уште немаат јасна насока, но централна точка во сите преговори ќе биде Донбас – украинска територија богата со минерали која се состои од два региона – Доњецк и Луганск, и која најголем дел е под окупација на руските сили, пишува во анализа на Њујорк Тајмс (NYT).
Рускиот претседател Владимир Путин бара Украина да се откаже од целиот Донбас, вклучително и од територијата која моментално ја контролира Киев, наведува NYT, истакнувајќи дека на тоа подрачје живеат повеќе од 200.000 Украинци, вклучително и во градовите како Краматорск и Славјанск.
Отстапувањето на територијата на Русија би можело политички да го потопи украинскиот претседател Володимир Зеленски, бидејќи анкетите покажуваат дека мнозинството Украинци се противат на таков потег, се наведува во анализата на њујоршкиот весник.
Откажувањето од Донбас би значело предавање на „првата линија на одбраната на Украина“, објаснува Мајкл Швирц во анализата која е проследена со видео и графички приказ на териториите под контрола на Киев и Москва.Швирц вели дека за време на неговата посета на Донбас, тоа било „непопустлива топографија“ на линии и ровови.
„Постојат висорамнини, долини. Ако во суштина го предадете тој регион на Русија, тие би ги презеле сите предности што Украина сега ги има од регионот и би можеле да ги свртат против неа. Тоа е она од што Украинците најмногу се плашат“, нагласува Мајкл Швирц.
Аналитичари и поранешни функционери изјавиле дека единствениот начин Зеленски да го направи прифатливо откажувањето од територија за украинската јавност е доколку обезбеди безбедносна гаранција поддржана од САД. Но, таква гаранција ѝ бега на Украина уште од времето кога американскиот претседател Доналд Трамп го исклучи членството во НАТО, се наведува во анализата на NYT.
Извор: N1