Украина го нападна мостот Керч на Крим со подводни експлозиви

Киев го погоди Керчкиот мост на Крим – клучен дел од руската инфраструктура нелегално изградена од Москва по едностраната анексија

Украинските сили го погодија мостот Керч на Крим, нелегално изграден од Русија по едностраната анексија на украинскиот полуостров. Безбедносната служба на Украина објави видео од нападот, на кое се гледа експлозијата под вода.

Киев го погоди Керчкиот мост на Крим – клучен дел од руската инфраструктура нелегално изградена од Москва по едностраната анексија на украинскиот полуостров во 2014 година.

Операцијата, чие планирање трало со месеци, ја спроведе Безбедносната служба на Украина.

Во официјалното соопштение на Телеграм, СБУ објасни како точно успеала да го погоди нелегално изградениот мост на Русија по трет пат од почетокот на целосната инвазија на Москва.

„Операцијата траеше неколку месеци. Агентите на СБУ ги минираа столбовите на оваа нелегална градба“, соопшти СБУ, додавајќи дека „без да нанесе никакви цивилни жртви, првиот експлозив беше активиран во 4:44 часот наутро“.

Агенцијата додаде дека подводните столбови на мостот биле сериозно оштетени откако биле детонирани 1.100 килограми експлозив во еквивалент на ТНТ.

Керчкиот мост ги поврзува Русија и украинскиот полуостров и затоа е критична рута за снабдување и транспорт за руските сили до окупираните украински територии, поточно во јужна Украина.

Киев претходно двапати го нападнал мостот, во октомври 2022 и јули 2023 година, при што тој сериозно бил оштетен, но не бил уништен, бидејќи тој останал во функција.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни