Во тек се поправки со цел повторно воспоставување на снабдувањето со електрична енергија во сите области погодени од бомбардирањата.
Веќе синоќа беа воведени прекини на струја во осум од вкупно 24 украински области.
Приватниот енергетски оператор ДТЕК исто така пријави прекини на снабдувањето во повеќе региони, меѓу кои Лавов на запад, Одеса на југ и Киев со неговата околина.
Во последните неколку недели, Русија значително ги засили нападите врз украинската енергетска инфраструктура и железничката мрежа. Минатата недела, прекини на струја беа забележани низ целата земја, вклучително и неколкучасовен прекин во делови од главниот град.
Извор: N1info.rs