Украина ја нападна Москва со дронови

Ова не е прв напад со дронови врз Москва. Неофицијални информации од руски воени блогери велат дека прозорци на стан во јужна Москва биле скршени. Ова е втора ноќ по ред со вакви напади, откако вчера руското Министерство за одбрана соопшти дека биле уништени 26 украински дронови.
xr:d:DAFMp6QPaRw:3,j:35703314729,t:22091907

Русија соопшти дека Украина во текот на ноќта извела напад со дронови насочен кон Москва. Сите четири главни аеродроми во главниот град биле затворени неколку часа од безбедносни причини, но подоцна повторно биле отворени, соопшти руската агенција за надзор на воздухопловството „Росавијација“ на Телеграм.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, објави дека биле уништени најмалку 19 украински дронови кои пристигнувале од различни правци. Дел од остатоците од дроновите паднале на една од клучните автопатски делници, но нема повредени.

Украина сè уште не се огласила по повод нападот, но градоначалникот на Харкив тврди дека и Русија извршила напад со дронови врз неговиот град. Во меѓувреме, гувернерите на Пензенската и Вороњешката област во Русија тврдат дека исто така биле мета на украински дронови.

Ова не е прв напад со дронови врз Москва. Неофицијални информации од руски воени блогери велат дека прозорци на стан во јужна Москва биле скршени. Ова е втора ноќ по ред со вакви напади, откако вчера руското Министерство за одбрана соопшти дека биле уништени 26 украински дронови.

Најновите напади доаѓаат откако вчера се појавија информации за нови обиди на Украина да изврши упад во Курската област. Киев вчера соопшти дека погодил командна единица во близина на селото Тјоткино.

Русија минатиот месец тврдеше дека повторно воспоставила целосна контрола врз Курската област, девет месеци откако украинските сили започнаа ненадејна офанзива, но Киев инсистира дека сè уште има воено присуство преку границата.

Во градот Рилск е оштетена трафостаница при украински напад – два трансформатори биле погодени, а двајца тинејџери биле повредени од шрапнели. Руски блогери објавија фотографии од воени возила кои пробиваат бариери на границата, тврдејќи дека станува збор за нов украински упад.

Украина повика на евакуација на две населби во областа Суми, која се наоѓа веднаш преку границата од Тјоткино. Украинските сили изведоа изненаден упад во Курск во август 2024 година со цел да создадат тампон-зона за заштита на Суми и околината.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни