Neal’s Yard Dairy, дистрибутер и трговец на мало на британско занаетчиско сирење, испорачал 22 тони наградуван чедар на наводен измамник кој се претставувал како дистрибутер на големо за голем француски трговец.
Лондонската компанија набрзо сфатила дека се работи за измама, пишува Гардијан.
Оливер ја опиша кражбата на чедарот како „дрзок грабеж од шокантни размери“ и им порача на следбениците на Инстаграм да внимаваат на секој што продава ваков вид сирење по ниска цена.
Меѓу украдените производи се органскиот чедар Хафод Велшки, чедарот Весткомб и чедарот Пичфорк, кои имаат освоено бројни награди и се меѓу „најбараните занаетчиски сирења во Велика Британија“, наведува лондонската млекарница.
Цената на овие сирења за парче со тежина помеѓу 250 и 300 грама се движи помеѓу 7,15 и 12,90 фунти.
Млекарницата Нилс Јард додаде дека соработува со полицијата и ги повика трговците да контактираат со нив доколку се сомневаат дека им е продадено украдено сирење.