УЈП: илјадници фирми без фискални апарати под лупа на контроли

Управа за јавни приходи Управа за јавни приходи (УЈП) започнува засилени контроли, откако се откри дека над 6.400 фирми работат без фискални апарати.

Управа за јавни приходи Управа за јавни приходи (УЈП) започнува засилени теренски контроли во рамки на борбата против сивата економија, насочени кон деловни субјекти кои работат без регистрирани фискални системи.

Според податоците, 6.451 даночен обврзник активен на пазарот работи без фискален апарат, иако остварува промет со готовина, додека над 3.000 од нив се и ДДВ-обврзници, што укажува на значајна деловна активност.

Во првата фаза, контролите ќе бидат фокусирани токму на овие компании со цел нивно итно усогласување со законските обврски и воведување фискални уреди.

Дополнително, идентификувани се уште речиси 14.000 субјекти без регистрирани фискални системи, за кои ќе следуваат теренски проверки, а во случаи на прекршување се најавуваат и кривични постапки.

Од институцијата порачуваат дека борбата против сивата економија останува приоритет, со цел фер пазарни услови и заштита на легалниот бизнис.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни