УХМР: Високи водостои на дел од реките

Управата за хидрометеоролошки работи предупредува ека водостоите на реките ширум земјата алармантно растат, а најкритична е состојбата на Вардар.

Бранот вода од горниот тек денес се движи кон Скопје и селата низводно, со ризик за локални излевања, особено на потегот од Јурумлери до Зелениково.

– Локалните излевања и мали заезерувања веќе се можни. Граѓаните треба да бидат внимателни при движење покрај овие делови од Вардар – велат од УХМР.

До вечерните часови се очекува бранот да продолжи кон Велес. Високи водостојни нивоа има и на Лепенец и Пчиња, а истото важи и за Кумановска Река, каде водостојот е значително покачен.

Алармантно е и со реката Драгор, која е веќе до врвот на коритото, додаваат од УХМР.

Покрај растот на реките, обилните врнежи носат и дополнителни закани.

– Очекуваме појава на одрони и свлечишта, особено во западните делови. Секое непотребно движење по критичните патни правци треба да се избегнува, велат оттаму.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни