УХМР: Сончев есенски ден

Граѓаните на Македонија во целата држава ќе имаат убав сончев есенски ден.

Граѓаните на Македониа во целата држава ќе имаат убав сончев есенски ден, со температури од 18 до 23 степен. Од УХМР велат дека претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла, а во текот на денот покрај сончевото време во некои делови од државата ќе има и мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има слаба маглa. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

Прогноза за 02.11.2025
Минимална температура: 0°C до 6°C
Максимална температура: 17°C до 23°C

Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Прогноза за 03.11.2025
Минимална температура: 1°C до 7°C
Максимална температура: 16°C до 22°C

Променливо облачно, претпладне по одделни котлини со услови за појава на магла. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Прогноза за 04.11.2025
Минимална температура: 3°C до 9°C
Максимална температура: 10°C до 18°C

Променливо облачно и посвежо, претпладне со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни