УХМР предупредува: Реките низ Македонија се пред излевање

Управата за хидрометеоролошки работи алармира за можен нагол пораст на водостојот во текот на денешниот и утрешниот ден, со ризик од локални излевања на одделни речни корита.

Управата за хидрометеоролошки работи издаде предупредување за можен пораст на водостојот на реките низ земјава во текот на денешниот и утрешниот ден. Според најновиот хидролошки извештај за периодот од 1 до 2 април, постои ризик од нагло зголемување на нивото на водата во речните корита, што на одредени места може да предизвика и локални излевања.

Од УХМР апелираат граѓаните да бидат внимателни, особено оние што живеат во близина на реки и на подрачја што важат за почувствителни при врнежи и покачен водостој.

Надлежните посочуваат дека состојбата будно се следи и дека во следните часови е потребна зголемена претпазливост поради можноста од промени на терен.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни