На поединечни локации се очекуваат пообилни врнежи, при што за 24 часа може да наврнат над 30 литри дожд на квадратен метар. Условите се поволни и за развој на невреме проследено со грмежи и силен ветер.
Во текот на денот ќе дува умерен до засилен јужен ветер, кој на моменти може да надмине брзина од 60 километри на час.
Минималните температури ќе се движат меѓу 8 и 12 степени, додека максималните дневни температури ќе достигнат од 13 до 19 степени Целзиусови.
Во Скопје се очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд во делови од котлината. Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе биде околу 9 степени, а максималната ќе достигне до 16 степени Целзиусови.
