УХМР алармира: Зголемен е водостојот на Вардар Треска, можни се нови поплави

Од вчера попладне поплавени се повеќе од 30 домови во скопската општина Сарај.

Од УХМР информираат дека во текот на ноќта и утрово се очекува зголемување на водостојот на река Вардар во средниот дел од течението, како и на реката Треска и предупредуваат на внимателно движење покрај реките.

Од УХМР алармираат дека и натаму има опасност од излевање на овие две реки. Во западните делови водостоите на реките се во опаѓање, и се очекува тој тренд да продолжи. Во источниот дел од земјата состојбата е мирна и единствено посериозно зголемување на водостојот имаше во крајниот долен дел од сливот на реката Струмица.

Од вчера попладне поплавени се повеќе од 30 домови во скопската општина Сарај.

Градоначалникот Мухамед Елмази објави дека во кризниот штаб се ангажирани Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, противпожарните единици од Тетово, Противпожарната бригада на Градот Скопје, екипи од Општина Ѓорче Петров, НПК Сарај, како и полициската единица Сарај.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни