UN Women е длабоко загрижен поради неодамнешното донесување на Законот за моралот од страна на властите во Авганистан, кој наметнува обемни ограничувања на личното однесување, ефикасно бришејќи ги жените од јавниот живот и давајќи широки овластувања за спроведување на моралната полиција.
На 21 август 2024 година властите најавија ратификација на деталниот „Закон за унапредување на доблеста и спречување на пороците“, кој наметнува обемни ограничувања за авганистанското население. Овој закон значително го продлабочува и онака сериозното скратување на правата на авганистанските жени и девојки, вклучително и барањата жените да ги покриваат целото тело и лице, и го забранува женскиот глас во јавноста. На жените исто така им е забрането да комуницираат со немуслимани, да користат само јавен превоз и да гледаат мажи со кои немаат крвна или брачна врска.
Во текот на изминатите три години, од нивното преземање на Авганистан, властите сo повеќе од 70 закони, директиви и декрети им ги одземаа основните права на жените во оваа држава. Податоците на UN Women покажуваат дека овие ограничувања имаат страшно влијание врз животите на авганистанските жени и девојки. На пример, само 1 процент од анкетираните жени се чувствуваат како да имаат влијание врз одлучувањето во нивните заедници; 64 проценти укажуваат дека не се чувствуваат безбедно сами да ги напуштат своите домови во споредба со 2 проценти од мажите; и 8 проценти укажуваат дека познаваат барем една жена или девојка која се обидела да се самоубие од август 2021 година. Овие угнетувачки закони и политики мора веднаш да бидат поништени, а властите мора да се придржуваат до своите обврски според меѓународното право за да ги обезбедат целосните права на сите жени и девојки.
UN Women стои во непоколеблива солидарност со секоја Авганистанка и девојка подложени на овие мерки и ние ќе продолжиме да работиме со нашите партнери за да го поддржиме целосното остварување на нивните права.