Угина магарето Пери, инспирацијата за популарниот помошник на Шрек

Магарето кое послужи како инспирација на познатиот лик од анимираниот филм „Шрек“ почина на 31-годишна возраст.

Пери, кратенка за Перикле, е пигмејско магаре родено во Њујорк во 1994 година, кое се прослави откако служеше како модел на аниматорите кои работеа на анимираниот филм награден со Оскар во 2001 година.

Со гласот на Еди Марфи, разговорливото Магаре беше помошник на Шрек во оригиналниот филм и во трите продолженија што следеа.

„Очигледно е кога го гледате филмот дека ако го познавате Пери, ќе видите дека тоа е тој. Неверојатно е колку нашето магаре е во пресликано во филмот, начинот на кој ја наведнува главата кога е лут на Шрек или како оди“, рече Џени Киратли, која се грижеше за него, во интервју во 2021 година.

Пери имал пет години кога позирал за аниматорите на Шрек и наводно добил 75 долари за работата.

Тој боледувал од неизлечива состојба ламинитис, која ги зафаќа копитата. Магарињата обично живеат од 25 до 40 години.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни