Жолтоногите пингвини Сфен и Меџик станаа симболи на истополовата љубов во 2018 година откако одгледувачите забележале дека двајцата мажјаци градат заедничко гнездо во аквариумот во Сиднеј.
Пингвините добија и јајце за инкубација, а беа и дел од серија на Нетфликс. Сфен за жал угинал на почетокот на овој месец на 12 години, соопштија од SEA LIFE Sydney.
Персоналот во аквариумот го однеле Меџик да го види телото на Сфен за да сфати дека тој нема да се врати дома. Кога се приближил до Сфен, Меџик почнал да пее, а по него почнале и останатите 45 пингвини во колонијата.
Жолтоногите пингвини може да испуштаат звуци кои нивните партнери обично може да ги препознаат и да ги разликуваат од останатите пингвини во колонијата.
„Љубовната приказна за Сфен и Меџик го зафати светот и ми беше чест да им посакам добредојде на домашните и меѓународните фанови“, рече Рејчел Дили, извршен директор на SEA LIFE Sydney Aquarium.
На веб-страницата на аквариумот, многу љубители на пингвини оставија пораки во кои зборуваат за радоста и инспирацијата што пингвините ја донеле во нивните животи.
„Суперѕвездениот пингвин Сфен, ти благодарам што постоеше. Ќе ни недостигаш“, пишуваат дел од фановите.
Извор: Б92