УЕФА не дозволи одложување на мечот Грција-Англија, иако вчера почина грчки фудбалер

Грчкиот фудбалер Џорџ Балдок вчера утрото беше пронајден мртов во базенот во неговиот дом во Глифада, поради што грчката репрезентација побара одложување на денешниот натпревар со Англија.

Сепак, УЕФА го одби барањето на Грција за одложување на натпреварот од Лигата на нациите, вечерва во Лондон.

31-годишниот фудбалер имаше 12 настапи за грчката репрезентација, иако беше роден во Велика Британија. Тој сепак, не беше повикан за репрезентацијата претходно овој месец.

Балдок беше фудбалер на грчкиот Панатинаикос од мај оваа година, а последниот натптревар за тимот го одигра во неделата, кога одиграа нерешено, 0:0 со Олимпијакос.

По веста за смртта, грчката фудбалска асоцијација побарала од УЕФА да се разгледа можноста за одложување на денешниот натпревар против Англија.

Грција истакна дека Балдок сè уште бил активен играч за националниот тим, играјќи двапати во март оваа година, додека двајца негови соиграчи од Панатинаикос, вклучително и капитенот на националниот тим Тасос Бакасетас, се дел од актуелниот тим кој ќе се соочи со Англија на Вембли.

Сепак, од УЕФА одговориле дека нема достапни датуми за преместување на натпреварот, па затоа не може да се одложи.

„По повторените контакти со највисоките нивоа на УЕФА од синоќа во врска со вечерашниот натпревар, немаше простор за одлагање“, соопшти грчката федерација утрово.

Во изјавата во име на грчките репрезентативци се вели: „Невозможно е да се верува дека нашиот драг пријател и соиграч, Џорџ, повеќе не е со нас. Нашата болка е неопислива. Вечерва ќе се обидеме да ја достигнеме моќта на неговата душа, која е светол пример за сите нас. Нашите мисли се со неговото семејство. Никогаш нема да те заборавиме, човеку“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни