Архитектот Јилмаз Т. и неговиот 30-годишен син Даниел Л. биле обвинети дека барале 15 милиони евра од семејството на легендарниот возач на Формула 1 за да не ги објават неговите приватни фотографии по тешката несреќа.
Таткото и синот од Вупертал им се заканувале дека ќе ги објават фотографиите и видеоснимките од седумкратниот шампион доколку не добијат пари. Тие имале ексклузивни снимки од Шумахер по неговата тешка скијачка несреќа, по која претрпел сериозна повреда на мозокот.
Шумахер не е виден во јавноста од тогаш, а неговата здравствена состојба е строго чувана тајна од семејството.
Фотографиите потекнуваат од поранешен чувар на Шумахер
Јилмаз и Даниел ги добиле фотографиите од Маркo Ф., поранешен член на приватното обезбедување на семејството Шумахер во Швајцарија. Тој бил идентификуван како посредник кој ги продал фотографиите за петцифрен износ.
Судот му изрече двегодишна условна казна на Марко Ф., додека синот Даниел доби шест месеци условна казна.
Во завршното рочиште, таткото и синот ја признаа вината и изразија жалење за своите постапки.