Училиште во Молдавија  се бори за опстанок со помош на ЕУ

Пристојни услови за живот, поголеми плати , подобар здравствен систем, чисти градови, добро функционална инфраструктура….ова се само дел од работите што луѓето во Република Молдавија сметаат дека и недостигаат на оваа држава , но истовремено се и  причината зошто многумина би сакале да живеат во друга земја.

Корупцијата и сиромаштијата ја поттикнуваат желбата на луѓето да си заминат. Најголем дел од граѓаните се одлучуваат за земји кои се членки на Европската унија, каде што се надеваат дека ќе имаат подобри услови за живот . Оние кои се принудени да останат, даваат се од себе за да врзат крај со крај.

Во селото Друјба , недалеку од границата со Романија, едно училиште се бори за опстанок. Селото е основано пред само 50 години, кога Молдавија беше дел од Советскиот Сојуз. Но, постои постојан одлив на население од раните 1990-ти по падот на комунистичкиот режим, бидејќи луѓето бараат подобар живот на друго место.

Тамошното средно училиште е претворено во градинка и основно училиште од четири паралелки.
Во моментов во училиштето има само 29 ученици, а со тоа постои висок ризик објектот да биде затворен. Вработените и персоналот прават се за да докажат дека може да се опстане со минимални ресурси.

Владата има ограничени средства за одржување, а училиштето не можеше да привлече други средства за проекти поради малиот број ученици. Беше планирано да биде затворено, но пред да се случи тоа, директорката на училиштето Ангела Читорага контактираше со неколку амбасади во главниот град Кишињев, од кои побара помош.

,,Како дел од проектот „Нова енергетска инфраструктура за Друјба“, германската амбасада ни даде околу 20.000 евра финансиска поддршка“, изјави директорката.

Овие пари беа искористени за инсталирање на фотоволтаичен систем. Модернизиран е и системот за греење, а ѕидовите се термоизолирани. Училиштето во моментов е единствената јавна институција во целата област која работи на соларна енергија.

„Децата што живеат овде сакаат да учат“

„Толку сум горда на овој проект. Неколку образовни установи во областа се јавија и ме прашаа дали е вистина дека имаме фотоволтаичен систем. Никој не веруваше дека толку мало училиште може да се спаси“, рече Читорага.

Претходно, градинката и училиштето трошеа околу околу 5.000 евра за струја, дрва и јаглен секоја година. Откако беше воведен системот на соларна енергија, дојде до значително намалување на трошоците. Создадената енергија се користи за загревање на училиштето, градинката и библиотеката, како и за подготовка на оброци.

„Не се виновни децата што се повеќе семејства го напуштаат своето село“, вели директорката на училиштето . „Но, децата што живеат овде сакаат да учат! Бидејќи овие деца се далеку од градот, тие сè уште се маргинализирани и обесправени. Тие не можат да посетуваат уметнички или спортски училишта, не можат да одат во театар или кино. Тие барем имаат право на училиште во нивното село“.

Наставниците објаснуваат дека ги научиле децата за зелена енергија и заштита на животната средина. Локалните жители беа љубопитни кога беа поставени соларните панели, а многумина застануваа за да видат дали можат да стават слични системи за да избегнат користење дрво или јаглен за палење пожари

Вработени од фирмата што ги постави фотоволтаичните системи дојдоа да ги информираат селаните. За време на нивните паузи, децата исто така слушаа за да откријат како точно панелите на покривот можат да генерираат струја и топлина.

„Никогаш не мислев дека како мало село со мало училиште ќе добиеме толкава помош. Тоа е инвестиција во иднината на овие деца, во иднината на ова село и во иднината на оваа земја“, рече Читорага.

Извор: https://www.dw.com/en/moldovan-school-fights-for-survival-with-eu-help/a-67746177

Најново

Последни колумни