„Млади од семејна разновидност“ како организација којашто се занимава со правата на младите од самохраните и еднородителски семејства по првпат се претставува на меѓународно ниво на тема којашто низ годинините наназад, не била актуелна во политичките процеси и политики во Македонија, но и во Европската Унија.
Минатата недела, од 21 до 23 ноември, Станиша Станковиќ, како претставник на нашата организација, Млади од семејна разновидност, беше говорник на меѓународна конференција за самохраните родители во Будимпешта, Република Унгарија. Ваквото претставување на државата претставува посебна одговорност за да покажеме дека токму позитивен младински активизам за овие млади доаѓа од Македонија, како прва и единствена држава од Западниот Балкан, но и пошироко којашто делува на оваа тема, токму за младите од овие видови на семејства.
Покрај Станиша Станковиќ, на самиот настан говорници беа високи владини претставници на Владата на Унгарија – Министерот за култура и иновации (Balazs Hanko) и пратеничката во Европскиот Парламент (Еniko Gyori), но и претставници на организации коишто се занимаваат со правата на самохраните родители од Унгарија, Германија, Данска, Чешка, Белгија, Финска.
Поканата за учество на Македонија и ние како организација, доаѓа од Аnna Nagy, претседателка на Центарот за самохрани родители во Будимпешта, како дел од европското семејство COFACE FAMILIES Europe.