Ученици во Јужна Кореја ја тужат Владата оти државниот испит завршил 90 секунди порано

Околу 40 јужнокорејски ученици ја тужат Владата оти државниот приемен испит завршил 90 секунди порано од предвиденото. Тие бараат за секого по 20 милиони вони (околу 14.000 евра) како отштета за едногодишното чекање за повторно полагање.

Резултатите од овогодишниот испит беа објавени на 8 декември. Во тужбата, поднесена вчера од најмалку 39 ученици, се тврди дека ѕвончето заѕвонило порано во главниот град Сеул, за време на тестот по Корејски јазик – првиот предмет. Некои ученици веднаш се побуниле, но велат, наставниците сепак им ги одзеле писмените тестови. Наставниците си ја препознале грешката пред почетокот на следниот час и им дозволиле на учениците да искористат минута и половина по паузата за ручек, но адвокатот на тужителите тврди дека грешката влијаела и на натамошниот тек на испитот.

Озлогласениот приемен испит „Сунеунг“ за на Државниот колеџ во Јужна Кореја е осумчасовен систем со тестови по повеќе предмети. Се работи за еден од најтешките испити во светот, па влогот е многу голем. Тоа не само што одредува места на универзитетите и работни места, туку и идните општествени односи во државата.

Во април, Судот во Сеул досуди 7 милиони вони отштета (околу 5.000 евра) во корист на ученици кои тврдеа дека се обесправени на испитот во 2021 година, бидејќи ѕвончето тогаш заѕвонило две минути порано. Казните може да бидат и многу построги во други земји. Во 2012 година, еден човек во Кина доби една година условна казна затоа што заѕвонил четири минути и 48 секунди порано на националниот приемен испит во покраината Хунан. 

Извор: index.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни