Ученици од ОУ „Димо Хаџи Димов“ со стомачни болки, затворена кујната на операторот со храна

Ќе се спроведе и епидемиолошка анкета и земени ќе бидат мостри од инкриминирана храна, работни површини и прибор

Служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) во соработка со Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно здравје, денеска спроведуваат вонреден инспекциски надзор во кујната на операторот со храна во „Димо Хаџи Димов“ во скопската населба Влае.

Ова доаѓа откако утрово добиле известување, дека поголем број на ученици имаат стомачни болки и симптоми на повраќање.

Со цел утврдување на изворот на евентуално труење со храна, кујната во училиштето е времено затворена.

Согласно  Националниот протокол за постапување при сомнеж за труење со храна, ќе се спроведе епидемиолошка анкета и земени ќе бидат мостри од инкриминирана храна, работни површини и прибор и машини за лабораториско тестирање.

Дополнително, најавено е испитување и на водата за пиење во училиштето.

По спроведената контрола, јавноста ќе биде информирана за спроведените активности и изречените мерки.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни