„Убиј ги прво децата“, на Димитар Оровчанец во Кинотека на Македонија

По проекцијата ќе следи разговор со режисерот: Димитар Оровчанец, и актерката: Миа Жиро. Разговорот ќе го води филмскиот работник и критичар Јане Алтипармаков

На 12 ноември со почеток од 20:00 часот во Кинотека на Македонија ќе се одржи проекција на филмот „Убиј ги прво децата“, на Димитар Оровчанец.

Овој филм, го носи македонското кино на едно сосема ново ниво на експресивност. Сцените исполнети со суровост, црн хумор и социјални коментари даваат остра критика на современите општествени случувања и го отвораат прашањето за моралноста и насилството како средство за преживување.

По проекцијата ќе следи разговор со режисерот: Димитар Оровчанец, и актерката: Миа Жиро. Разговорот ќе го води филмскиот работник и критичар Јане Алтипармаков.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни