62-годишниот Зоран Гргиќ од Славонски Брод, експерт за безбедност и поранешен член на Советот за граѓански надзор над безбедносно-разузнавачките служби при Хрватскиот сабор, вчера бил убиен во близина на Славонски Брод.
Хрватскaта полициска управа го потврди ова, наведувајќи дека покрај првично уапсениот 33-годишник, кратко потоа се уапсени уште две лица на возраст од 25 и 39 години.
„Околу 18 часот се случила пукотница во која 62-годишникот бил повреден од огнено оружје, а од повредите починал. Следела брза полициска интервенција, при што бил пронајден 33-годишникот, по што биле уапсени уште две лица. Во тек е кривична истрага за утврдување на важните факти и околности за гореспоменатиот настан“, соопшти Бродско-посавинската полициска управа.
Надлежното Окружно државно обвинителство во Славонски Брод, исто така, се огласи за злосторството во Шушњевци, чиј заменик, во соработка со полицијата, спроведе истрага на лице место врз основа на дојава дека 61-годишниот Гргиќ е убиен.
„Според досега собраните информации, постои основано сомнение дека на 23 септември 2025 година, околу 18 часот во градот Шушњевци, хрватски државјанин (роден 1964 година) е убиен со пукање од огнено оружје. Се сомнева дека сторителот или неколкумина од нив удриле во возилото на жртвата, по што кон жртвата биле испукани неколку истрели од огнено оружје, од кои тој починал на местото на настанот. Потоа сторителот го напуштил местото на настанот“, велат од обвинителството во Брод.
Тие исто така наведуваат дека во соработка со полицијата, преземаат сите потребни мерки и дејствија во рамките на нивната надлежност за да ги утврдат сите релевантни факти и околности за овој настан, објавува „Јутарњи“.