Убиен е иранскиот министер за разузнавање, тврди Израел

Оваа информација доаѓа само еден ден откако Иран потврди дека загинале неговиот шеф за безбедност, Али Лариџани

Израел денес објави дека иранскиот министер за разузнавање, Есмаил Катиб, е убиена, објави CNN.

Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, изјави дека тој и премиерот Бенјамин Нетанјаху „го поедноставиле процесот на таргетирање на иранското раководство“.

„Ги овластив вооружените сили да го неутрализираат секој висок ирански функционер штом ќе се укаже можност“, рече Кац.

Тој додаде дека интензитетот на израелските напади врз Иран се зголемува, при што, како што тврди, „иранскиот министер за разузнавање Хатиб бил ликвидиран во текот на ноќта“.

Оваа информација доаѓа само еден ден откако Иран потврди дека загинале неговиот шеф за безбедност, Али Лариџани, како и командантот на Басиж силите, Голамреза Солејмани.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни