Убиецот од Германија е психијатар кој им помагал на жените кои го напуштиле исламот

Според пишувањата на медиумите, ал-Абдулмохсен, специјалист по психијатрија и психотерапија од саудискиот град Хофуф, се преселил во Германија во 2006 година и живеел во Бернбург. Од 2016 година му бил признат статусот на бегалец.


Напаѓачот на божиќниот пазар во Магдебург кој уби најмалку две лица и повреди повеќе од 60, е лекар кој дошол во Германија во 2006 година како бегалец од Саудиска Арабија. Станува збор за Талеб ал-Абдулмохсен (50), психијатар, кој влетал во масата на божиќниот пазар во Магдебург со црн БМВ.

Според пишувањата на медиумите, ал-Абдулмохсен, специјалист по психијатрија и психотерапија од саудискиот град Хофуф, се преселил во Германија во 2006 година и живеел во Бернбург. Од 2016 година му бил признат статусот на бегалец. Наводно, работел на помагање на поранешни муслиманки, особено жени, да избегнат од Саудиска Арабија откако ја напуштиле верата.

Анализата на неговите објави на социјалните мрежи открива објави со поддршка за германската антиимигрантска партија АфД, додека исто така дал коментари поддржувајќи го Илон Маск, екстремно десничарскиот насилник Томми Робинсон и теоретичарот на заговор Алекс Џонс.

На неговиот блог пишува: „Германија ги прогонува Саудиските азиланти, внатре и надвор од Германија, за да ги уништи нивните животи. Германија сака да ја исламизира Европа“.

На неговите профили има и експлицитни снимки, вклучително и една на која млада муслиманка која наводно била каменувана до смрт „зашто имала афера со ммомче надвор од брак“.

Во снимките објавени неколку часа пред нападот, тој тврдел дека германските власти му отвораат пошта и крадат предмети, вклучително и USB стикови.

„Германците, како граѓани, ги сметам одговорни за прогонството со кое се соочувам“, рекол тој во едно видео.

Во интервју за „Франкфуртер Рундшау“, го опишал својот работен однос со групата wearesaudis.net посветена на обезбедување информации за бегалските патишта за луѓе кои живеат во Саудиска Арабија, особено жени.

„Девет од десет луѓе од Саудиска Арабија ме прашуваат за системот за азил се жени. Други активисти за азил наведуваат слични бројки. Ова е затоа што за жените од Саудиска Арабија, азилот е единствениот пат до правда. Дури и ако жената не е потиснувана, нејзината судбина зависи од нејзиниот машки старател“, рекол тој.

Само пет дена пред нападот, дал интервју за десничарската организација RAIR Foundation.

„Ако сириски државјанин поднесе барање за азил во Германија, шансата да го добие азилот е 99,8%… Додека ако саудиски државјанин поднесе барање за азил во Германија, шансата е само 70%, а лично знам дека многумина од оние кои биле одбиени се поранешни муслимани“, рекол тој.

Полицијата уште не го идентификувала официјалниот мотив за нападот.

Властите изјавиле дека две лица, меѓу кои и дете, биле убиени, а 68 лица се повредени, од кои 15 се во тешка состојба.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни