Убиец на полицајка во Турција во суд спроведен во црна вреќа за ѓубре во возило од шелтер за животни

27 годишна полицајка беше убиена во Истанбул во судир помеѓу полуцијата и осомничен со криминално досие, а по апсењето, убиецот наместо во полициско возило беше превезуван со возило на шелтер за животни.
Фото: X/@t24comtr

Судирот помеѓу полицијата и осомничениот се случил за време на операцијата спроведена од полициската станица Дудулу при окружниот полициски оддел Умраније за фаќање на 19-годишниот Јунус Емре Гечти, кој бил уапсен под сомнение за кражба на мотоцикл, а подоцна избегал.

При апсењето Гечти украл пиштол од еден од полицајците и пукал без нишанење, а од повредите починала полицајката Шејда Јилмаз, додека уште две лица се повредени.

Гечти, кој исто така бил ранет, првично избегал, но бил фатен од полицијата додека бегал.

Осомничениот бил обвинет дека имал криминално досие за прекршоци, вклучувајќи „намерна повреда, сексуално вознемирување, грабеж, кражба, материјална штета и сексуална злоупотреба на дете“, велат од полицијата.

Осомничениот од полициска станица во суд бил пренесен во возило на шелтер за животни и ставен во црна вреќа за ѓубре. До возилото Гечти го пренесуваа две полицајки.

Ваквото видео стана вирално во Турција и се споделува по социјалните мрежи, а постапката беше искритикувана од организациите за заштита на човековите права.

Адвокатот Вејсел Ок, копретседател на Здружението за студии за медиуми и право, на Х рече дека малтретирањето на една личност е неприфатливо, без разлика за какво кривично дело е обвинет. Тој рече дека ваквите дела не помагаат во спроведувањето на правдата, туку напротив ги злоупотребуваат чувствата на луѓето.

Пред да се појави видеото од спроведувањето на осомничениот, на социјалните мрежи во Турција граѓаните ја обвинуваат владејачката партија за убиството, прашувајќи зошто Гечти бил ослободен претходно.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни