Нов македонски филм

„Убиј ги прво децата“, урбана бајка на Димитар Оровчанец

„Убиј ги прво децата“ е романтична акциона комедија направена со многу љубов и со мал буџет. Урбана, шизичка и љубовна приказна за новите скопски деца

„Убиј ги прво децата“е урбана бајка раскажана крајно скопски на тенка линија помеѓу она што е реално и што е малку претерано. Приказна која се врти околу една потера на три деца кои за време на еден ден, поради една снимка која случајно доаѓа во нивни раце, влегуваат во челјустите на три криминални банди кои ги бркаат. „Убиј ги прво децата“ е романтична акциона комедија направена со многу љубов и со мал буџет. Урбана шизичка и љубовна приказна за новите скопски деца.

– Ова е филм кој ние заедно со актерите и со екипата го креиравме да биде благо нагазен, меѓутоа да биде препознатлив, да биде наш, да биде скопски, пред се скопски, но крајно македонски филм. Крими акционен – вели режисерот Димитар Оровчанец.

„Убиј ги прво децата“ е во продукција на „Трис филмс“ и „ДМФ Филмс“. Продуценти на филмот се Атанас Георгиев и Дејан Илиев. Главните улоги ги толкуваат Миа Жиро, Мартин Ѓоргоски и Стефан Спасов. Во останатите улоги играат Александар Ѓорѓиевски, Стефан Вујисиќ, Марко Трајковиќ, Адријан Азири, Марина Поп Панкова, Лео Поповиќ, Атанас Тановски, Марија Јанчевска, Ненад Нацев, Александар Микиќ и други. Директор на фотографија е Владимир Самоиловски, дизајнер на продукција е Сашо Блажевски, костимите се на Илина Чолак, монтажер е Софија Самоиловска Јовановиќ, а композитори на музиката се Дарко Спасовски и Игор Василев – Новоградска.

Филмот ја имаше својата премиера на рамките на годинешното 30 то издание на Сараевскиот филмски фестивал и беше селектиран во Open Air програмата. Минатиот викенд за прв пат беше прикажан во земјава и го затвори годинешното издание на фестивалот „Браќа Манаки“. Кон средината на месецот е закажана премиерата во Синеплекс .

Како беше да се снима филмот ги прашавме „децата“- Миа Жиро, Мартин Ѓоргоски и Стефан Спасов.

-Се сеќавам кога прв пат го прочитав насловот на филмот на објавата за кастингот и многу ме заинтерсира насловот. На почетокот не бев сигурна, но кога го прочитав сценариото сфатив дека тоа е директен цитат на еден од ликовите и од тој момент до денес навивам за тој наслов и многи ми се допаѓа. Знаев од самиот почеток додека го читав сценариото дека има потенцијал за многу интересен филм. Ликот на Матеа која ја играм е издржлива девојка која што не им се плаши на негативците. Таа воопшто н се плаши да им се спротивстави. Можам да кажам дека ги има карактеристики кои јас би сакала да ги имам лично како Миа. Има сцени во кои што со џиу џитсу потези ги тепа негативците и тоа е нешто што јас лично никогаш не би можела да го направам и поради тоа многу моќно се чувствував додека го оживував нејзиниот лик и ми беше преубаво- вели Миа.

Мартин Ѓоргоски вели дека е големо уживање е да се работи со екипата на филмот.

–Имаме убави моменти, убави спомени од ова снимање – вели Стефан Спасов.

На прашањето како би го опишале филмот Мартин вели – ова филм за млади.

-„Партали“ ги направија децата… Баш беше забавно – вели низ смеа Мартин.

„Убиј ги прво децата“ е крими комедија во која ќе победи најмудриот…. И секако филм за млади, велат нашите тројца соговорници кои уживаа во секој момент од снимањето на филмот. И можеби затоа со Димитар Оровчанец и со остатокот од тимот направија одличен фим. Интересен, динамичен, шизички. Филм кој сакаме да го гледаме одново.

И она што најмногу не интереситаше- Ги убија ли децата?

-Тоа не смееме да го кажеме. Дојдете во кино и видете- вели Мартин.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни