Македонските ререпзентативци одлично го започнаа натпреварот и имаа фантастичен прв дел, кој што го завршија со предност, но во вториот дел ситуацијата на теренот беше сосема поинаква и Словенија беше таа која го контролираше натпреварот.
Еден од најдобрите за Словенија беше резервниот голман Базник кој имаше 14 одбрани, додека најефикасен кај Македонија беше капитенот Кузмановски со 10 голови. Кај Словенците најмногу голови постигна Влах, 10.
Во недела се игра нов дуел на овие две репрезентации во Копер, кога Македонија ќе се обиде да го поправи впечатокот и да ги одржи во игра шансите за пласман на ЕП во 2026.