Убави, а изгорени – Спречете го лупењето на кожата

Иако добро знаеме дека кремите со заштитен фактор се задолжителни и дека сонцето треба да се избегнува кога е најсилно, се случува понекогаш да изгориме. Без разлика дали сте во град или на море, постојат некои домашни решенија кои ќе ја смират вашата кожа и ќе помогнат да се регенерира побрзо.

Изгорениците од сонце се во суштина воспаление на кожата. Еден од најлесните начини за негово лекување е ладење на погодената област. Ефикасен начин да им помогнете на изгорениците веднаш, дури и додека сте уште надвор, е да скокнете во водата, без разлика дали е море, езеро или поток. Внимавајте со базените, бидејќи хлорираната вода може уште повеќе да ја иритира кожата.

Треба да се избегнува и директно нанесување на мраз. Иако може да изгледа привлечно кога вашата кожа гори, тоа всушност може да направи уште поголема штета на вашата исклучително чувствителна, изгорена кожа од сонце.

Може да се обидете да влезете во бањата за да ја изладите и смирите кожата.

Во када полна со ладна вода ставете неколку лажици сода бикарбона, останете во кадата околу 20 минути и вашата кожа ќе се смири. Додавањето шолја овес во бањата исто така ја смирува иритацијата и и помага на кожата да ја задржи природната влажност. Не ја тријте кожата, ниту во бањата, ниту за време на излегувањето, само лесно тапкајте со крпа.

Доколку немате алое вера во вашата куќа, добро би било да ја набавите. Гелот кој се наоѓа во ова сочно растение се користи со векови за различни заболувања, од стомачни тегоби до инфекции на бубрезите.

Одвојувањето на парче од растението и нанесувањето на гелот директно на кожата обезбедува моментално, смирувачко ослободување од изгореници од сонце. Доколку не можете да го најдете растението, пробајте гел кој содржи 100 проценти алое вера, кој можете да го најдете во повеќето аптеки.

Додека вашата кожа сама се поправа, задолжително носете облека што не се лепи за кожата. Вашата кожа е најголемиот орган на вашето тело, па затоа најдобро е да и дадете малку простор да дише додека заздравувате од траумата наречена изгореници. Природните влакна, како што се памукот или бамбусот, се најдобри облоги за изгореници.

Додека вашата кожа се бори со оштетувањата од сончевите зраци, и треба влагата што ја изгубила за време на престојот на сонце. Ако веќе не пиете осум чаши вода дневно, непријатната изгореница треба да биде доволна причина за почеток.

Извор: prva.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни