Уапсени три млади лица во Антверпен – планирале атентат со дрон врз белгискиот премиер

Белгиското обвинителство откри терористичка ќелија што планирала напад со експлозив прикачен на дрон. Уапсени се три млади од Антверпен.

Белгиското сојузно обвинителство денеска објави дека е разбиена наводна терористичка ќелија која, според првичните информации, планирала напад врз премиерот Барт де Вевер.

Локалните медиуми јавуваат дека при претрес во Деурне, населба во Антверпен, истражителите откриле импровизирана експлозивна направа. Осомничените наводно планирале да ја прикачат на дрон за извршување на нападот.

Официјално соопштение:

Во соопштението на обвинителството се вели:

„Три млади возрасни лица (родени во 2001, 2002 и 2007 година, сите од Антверпен) се приведени. Оваа правосудна интервенција е дел од истрага за, меѓу другото, обид за терористичко убиство и учество во активности на терористичка група.“

Запленет 3D-принтер и електронски компоненти

Отворена е истрага за обид за терористички атентат и учество во терористичка организација, но обвинителството не открива за која група станува збор. При претресот биле запленети и 3D-принтер и електронски уреди.

Од обвинителството порачуваат:

„Овој случај покажува дека обвинителството, полицијата и разузнавачките служби мора постојано да бидат на штрек поради ризикот од терористички напади.“

Кој е Барт де Вевер?

Фламанскиот националист Барт де Вевер ја презеде функцијата премиер на Белгија во февруари годинава, по долги преговори за формирање на десно ориентирана коалиција. Со тоа стана првиот премиер од Фландрија, холандскоговоречкиот регион на Белгија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни