Уапсени министерка за наука, високо образование и млади и нејзината помошничка во Влада на Кантонот Сараево

Портпаролката на Јавното обвинителство на Кантонот Сараево, Азра Бавчиќ, изјавила за новинарите дека Месиховиќ и Витешкиќ се осомничени за кривично дело злоупотреба на положбата или овластувањето.


Министерката за наука, високо образование и млади во Влада на Кантонот Сараево, Адна Месиховиќ, и нејзината помошничка, Џенита Витешкиќ од партијата “За нови генерации”, се уапсени денеска поради сомневање дека незаконски вработиле повеќе лица.

Едно од незаконски вработените е и нивната партиска колешка Аријана Турковиќ.

Портпаролката на Јавното обвинителство на Кантонот Сараево, Азра Бавчиќ, изјавила за новинарите дека Месиховиќ и Витешкиќ се осомничени за кривично дело злоупотреба на положбата или овластувањето.

Бавчиќ додала дека биле претресени становите на осомничените и канцелариите на Министерството, како и дека е земена документација и друго што може да послужи во кривичната постапка.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни