Според информациите од МВР, инцидентот се случил на 19 март 2025 година, околу 21:25 часот, кога граѓани пријавиле дека во паркот е испукан огномет, иако важи владината одлука за воздржување од вакви активности.
Полициските службеници веднаш реагирале и утврдиле дека огнометот бил запален во рамките на роденденска прослава во угостителски објект во паркот. Лицата инволвирани, М.Ф. (18) и М.Ф. (18), се приведени и задржани во полициска станица.
Против нив ќе биде поднесена соодветна пријава според член 387 од Кривичниот законик, откако ќе се документира случајот, информираат од МВР.