Уапсени двајца студенти по протестите кај РТС – колегите им даваат поддршка пред полицијата

Двајца студенти се уапсени по протестите во Белград, кај зградата на РТС. Колеги и граѓани се собраа пред полицијата на Стари град, барајќи нивно ослободување.
Полициска бруталност на протестите во Србија 2025
фото: Реља Јарковачки

Во Белград вечерва е уапсени двајца студенти по протестите што се одржаа пред зградата на Радио-телевизија Србија (РТС), пренесе телевизијата N1. Како што јави нивната репортерка, уапсените се Лука Пешиќ, студент на Машинскиот факултет, и уште еден студент од Факултетот Унион.

Поддршка од колеги и граѓани

Десетици студенти и граѓани се собраа пред полициската станица „Стари град“, на улицата Мајке Јевросиме, барајќи веднаш да бидат ослободени нивните колеги.

Адвокатот Растко Наумов изјави дека ќе бидат земени изјави од уапсените и дека, како што рече, „многу веројатно е дека двајцата ќе бидат пуштени на слобода“.

Засилено полициско присуство

Полицијата во опрема за разбивање демонстрации ги потисна присутните на тротоарот со цел да го одржи протокот на сообраќај. Како што јавува репортерката, дополнителни полициски сили пристигнале на локацијата.

Сѐ уште нема официјални податоци колку лица се приведени по денешните протести, а полицијата не можеше да прецизира колку лица се доведени во станицата на Стари град.

Протести за и против блокадите

Денеска низ Србија, вклучително и во Белград кај зградата на РТС, беа одржани паралелни протести – едни во поддршка на студентските блокади, а други против нив. Протестите беа напнати, со неколку инциденти, приведувања и зголемено присуство на полицијата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни