Уапсени двајца тинејџери во Холандија под сомнение за шпионажа во корист на Русија

Уапсени двајца тинејџери во Холандија под сомнение за шпионажа во корист на Русија

Двајца 17-годишни тинејџери беа уапсени оваа недела во Холандија под сомнение дека шпионирале во корист на проруски хакери, објави весникот „Телеграф“.

Портпаролката на обвинителството Брехте ван де Мосдејк потврди дека апсењата биле извршени во понеделникот, но одби да даде дополнителни информации поради тоа што осомничените се малолетници.

Според „Телеграф“, повикувајќи се на таткото на едно од момчињата, тие се обвинети за контакти со проруски хакери преку апликацијата „Телеграм“. Дополнително, биле обвинети за шпионажа бидејќи во Хаг се движеле со уреди и апликации за собирање и испраќање податоци во области каде се наоѓаат седиштата на Европол и Европравда, како и бројни амбасади.

Европравда има централна улога во истрагата за наводните руски воени злосторства во Украина по инвазијата во 2022 година, преку заеднички истражен тим со ЕУ, Украина и Меѓународниот кривичен суд.

Холандската разузнавачка служба одби да ги коментира наводите. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни