Наградуваниот рапер Лил Нас Икс е уапсен по пресметка со полицијата во Лос Анџелес, потврдија властите. Полицијата беше повикана на булеварот Вентура во четврток во 05:30 часот (12:30 часот по Гринич) по пријави за маж кој шета по улицата во долна облека, изјави портпарол на Полициската управа на Лос Анџелес (LAPD).
Откако полицајците пристигнаа на местото на настанот, LAPD тврди дека пејачот на Old Town Road „нагрнал“ врз нив и бил уапсен под сомнение за тепачка. Потоа бил однесен во болница на лекување поради евентуално предозирање, изјави портпаролот на полицијата Чарлс Милер. Би-Би-Си контактирала со неговите претставници за коментар.
Извор: BBC