Уапсен поранешниот украински министер за енергетика Герман Галушченко при обид да ја напушти земјата

Поранешниот министер за енергетика на Украина, Герман Галушченко, е уапсен при обид за бегство. Истрагата се однесува на наводна корупција и злоупотреба на средства од државната компанија „Енергоатом“.

Поранешниот министер за енергетика на Украина, Герман Галушченко, е уапсен при обид да ја напушти земјата, соопштија украинските институции задолжени за борба против корупцијата.

Според информациите, истрагата е поврзана со обемен случај на наводно поткупување и злоупотреба на државни средства.

Истрага за проневера на средства од „Енергоатом“

Уште во ноември украинските антикорупциски истражители објавија сомнежи за група државни функционери блиски до претседателот Волдомир Зеленски.

Според наводите, биле проневерени средства од државната компанија Energoatom, кои биле наменети за изградба на заштитни објекти околу енергетските капацитети, со цел одбрана од непријателски воздушни напади.

Политички последици и реконструкција на владата

Галушченко претходно беше разрешен од функцијата министер за енергетика поради сомнежите за корупција.

Во меѓувреме, како што пренесуваат украинските медиуми, Тимур Миндич, близок соработник на претседателот, успеал да ја напушти земјата.

По избувнувањето на аферата, претседателот Зеленски спроведе реконструкција на владата и го смени влијателниот шеф на својот кабинет, Андриј Јермак.

Антикорупциските органи најавуваат продолжување на истрагата и можни нови апсења во наредниот период.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни