Уапсен основачот и директор на Телеграм на аеродром во Франција

Основачот и директор на социјалната мрежа Телеграм бил уапсен на аеродром во Париз, каде што синоќа пристигнал со неговиот приватен авион.
Фото: Steve Jennings/Getty Images for TechCrunch/Flickr

Павел Дуров, руско-францускиот милијардер и основач и извршен директор на апликацијата Телеграм, бил уапсен во Париз во саботата, известија француските медиуми.

Тој патувал со својот приватен авион, а бил уапсен со налог за прелиминарна истарга на француската полиција. Медиумите известија дека истрагата била поради недостатокот на модератори на Телеграм и дека полицијата смета оти поради тоа криминалците спокојно функционирале на апликацијата.

Телеграм има речиси милијарда корисници и е особено популарен во Русија, Украина и републиките од поранешниот Советски Сојуз. Тој е една од најпопуларните социјални мрежи во светот покрај Фејсбук, Јутјуб, Вацап, Инстаграм, ТикТок и Вичат.

Дуров го основаше Телеграм, заедно со неговиот брат во 2013 година. Тој ја напушти Русија во 2014 откако одби да се прилагоди на барањата на владата да ги затвори опозициските канали на неговата платформа ВКонтакте, која подоцна ја продаде.

„Би сакал да сум слободен, а не да примам наредби од некого“ изјави Дуров за Такер Карлсон во април, зборувајќи за неговото исселување од Русија и барање нов дом за неговата компанија.

Откако Русија ја започна инвазија врз Украина во 2022 година, Телеграм стана главен извор на непроверени, нефилтрирани и често експлицитни и наведувачки содржини од двете страни во конфликтот.

Платоформата страна „виртуелен фронт“ на војната и силно се користи и од украинските власти, како и од руските.

Фото: Yuri Samoilov, CC BY 2.0, via Wikimedia Commons

Телеграм им овозможува на корисниците да ги избегнат строгите критериуми за креирање профил на останатите ссоцијални мрежи и да се задржи одреден степен на анонимност. Тоа е исто така едно од ретките места каде што Русите имаат пристап до независни вести за војната, откако Кремљ ги ограничи независните медиуми по почетокот на инвазијата.

Руското министерство за надворешни работи вели дека руската амбасада во Париз работи на расчистување на причините за апсење на Дуров и ги повика западните невладини организации да бараат негово ослободување.

Русија започна да го блокира Телеграм во 2018 година, откако апликацијата одби да испочитува судска одлука за да ѝ овозможи на државата пристап до енкриптираните пораки на граѓаните. Поради тоа многу од опциите на апликацијата беа прекинати, но тоа немаше ефект на функционалноста на Телеграм. Поради забраната сепак имаше серија протести низ улиците на Москва и напади од невладините организации.

Според француските медиуми, Дуров патувал од Азербејџан до Париз и бил уапсен синоќа околу 20 часот. Неговото богатство се проценува на 15,5 милијарди долари, а во интервјуа тој кажува дека е под притисок од одредени влади, но е убеден дека неговата платформа треба да остане неутрална, а не да биде играч во геополитиката.

Популарноста на Телеграм ги натера европските влади да ги зголемат контролите поради загриженоста за безбедноста на граѓаните и на нивните податоци.

Извор: Ројтерс

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни