Уапсен и ослободен фронтменот на „Хладно пиво“, се сомничи за малверзации со недвижнини

Фронтменот на хрватскиот бенд „Хладно Пиво“ Миле Кекин, утрово бил уапсен, а по сослушувањето во УСКОК, тој е ослободен, јавуваат медиумите.
Фото: rom@nski photo from Rakov Potok, Hrvatska, CC BY 2.0, via Wikimedia Commons

Според последните информации, Миле Кекин ја дал својата одбрана и ќе биде ослободен, дознава порталот „Индекс“. Кекин во УСКОК објаснил колку е неверојатно да направи измама на инвестиција од 350.000 евра за седум илјади евра, изјави адвокатот на Кекин, Чедо Продановиќ.

Полицијата денеска изврши претрес во неговиот стан, по што Миле Кекин беше изнесен и однесен во хрватскиот УСКОК (Канцеларија за сузбивање на корупција и организиран криминал). Се сомничи за малверзации со недвижен имот, а во оваа акција се уапсени неколку лица кои се обвинети за злоупотреба на службената положба и за перење пари, пренесуваат хрватските медиуми.

Кекин даде кратка изјава за новинарите додека го водеа надвор од станот.                                                                                                                                       

„Ме користат за да ја нападнат загрепската влада. Јас направив се според законот“, рече Миле Кекин.

После тоа бил сослушан во УСКОК.

Приведувањето и итните доказни дејствија ги врши ПНУСКОК по налог на УСКОК.

„Споменатите дејствија се спроведуваат во Загреб и на подрачјето на Истра во врска со повеќе лица за кои постои основано сомнение дека сториле повеќе кривични дела злоупотреба на положбата и овластувањето и перење пари.’

Според медиумите, Кекин е уапсен за акции поврзани со луксузна вила во Момјан, а наводно во се била вмешана неговата сопруга Ивана Кекин, која беше кандидат за претседателка на Хрватска на декемвриските избори.

Таа неодамна се најде во јавноста поради луксузната вила во Момјан, Истра, која ја поседува заедно со нејзиниот сопруг.

Вилата наречена „Воларе е Кантаре“ е со површина од 130 метри квадратни и е опремена со загреан базен, а се издава на туристи по цена од 300 до 500 евра за ноќ, во зависност од сезоната. Според податоците од имотната картичка, вилата со придружното земјиште од 412 метри квадратни е проценета на 400.000 евра.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни