Творецот на „Алан Форд“ денеска го слави 86тиот роденден

Преку ликовите и нивните реплики, „Алан Форд“ остави значаен белег во современата балканска и македонска поп култура

Лучано Секи, познат по псевдонимот Макс Банкер творецот на еден од најпознатите стрипови на овие простори, денеска го слави својот 86ти роденден.

Роден на 24 август 1939 година, Банкер, на 30годишна возраст го печати првото издание од стрипот „Алан Форд“

Во стрипот сатирично е опишан животот на една група тајни агенти исполнато со многу надреалности и црн хумор. Иако овој стрип се прослави во Италија, кратко по неговото претставување, Алан форд остана релативно непознат надвор од неа.

Француските и бразилските изданија брзо се повлекоа поради неуспех, но во СФР Југославија стрипот наиде на огромна популарност, и доживеа голем успех, станувајќи еден од најпопуларните стрипови на тие простори.

Приказна во стрипот ги следи авантурите на неколку тајни агенти од групата ТНТ чие седиште се наоѓа во една цвеќара во Њујорк. Иако овие агенти се неспособни и мрзеливи, сепак кога станува збор за нивните сопствени интереси тие се интелегентни и итри, и секогаш го добиваат тоа што го сакаат. Овие агенти се предводени од нивниот водач во инвалидска количка на кого сите му се обраќаат како „Број 1“, тој е парализиран старец со долга брада и голем нос чие право име и возраст не се познати. 

Ден денес овој стрип има оставено силен белег на модерната балакнска и македонска поп култура, а како едни од најпознатите реплики од стрипот кои и ден денес се цитираат се:

„Ако сакаш да победиш, не смееш да изгубиш“ „Подобро да живееш 100 години како милионер, отколку седум дена во беда“, „Ајде да бегаме, тие се двајца, а ние сме сами“ „Купете ѝ цвеќе на саканата жена, но не ја заборавајте сопствената“ и многу други.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни