TikTok, кој го користат повеќе од половина од тинејџерите во САД секојдневно, сè уште немаат одговорено на тужбата. Овој правен предизвик е само уште еден во низата проблеми со кои се соочува компанијата, вклучувајќи ја и тековната борба против законот донесен од Конгресот во април, кој може да го забрани TikTok во САД, освен ако неговата кинеска матична компанија, ByteDance, не се согласи на продажба.
Тужбата, поднесена во Њујорк, тврди дека TikTok е свесен за штетните ефекти на својата платформа врз менталното здравје, но сепак продолжува да ја рекламира апликацијата како безбедна за деца и тинејџери. Државниот обвинител на Њујорк, Летиција Џејмс, истакна дека многу млади биле повредени или дури загинале обидувајќи се да изведат опасни предизвици од TikTok. Таа посочи случај со 15-годишно момче кое починало додека „сурфало на метро“ во Менхетен, откако гледал видеа на таа тема на TikTok.
Тужбата укажува на одредени функции на платформата кои се штетни, како што се известувањата што го нарушуваат сонот, видеата кои исчезнуваат и кои ги охрабруваат корисниците често да ја проверуваат апликацијата, и филтрите за убавина кои негативно влијаат на самодовербата. Иако TikTok промовира алатки за ограничување на времето на екран, тужбата тврди дека компанијата лажно ја прикажува нивната ефикасност.
Покрај проблемите со менталното здравје, Обвинителството на округот Колумбија поднесе посебна тужба, обвинувајќи го TikTok дека управува со нелиценцирана услуга за трансфер на пари преку својата виртуелна валута. Тужбите бараат да се прекинат овие практики и да се изречат финансиски казни за компанијата.
TikTok не е единствената социјална мрежа што се соочува со вакви проблеми. Слични тужби се поднесени и против Facebook и Instagram поради нивното влијание врз менталното здравје на младите, а TikTok исто така се истражува за прекршување на законите за приватност на децата.
Извор: BBC