Премиерот на Полска, Доналд Туск, повика на продолжување на вооружувањето и зајакнувањето на одбранбените капацитети на Европа, оценувајќи дека „нико нема сериозно да ја сфати слабата и поделена Европа – ниту непријателите, ниту сојузниците“.
„Мораме да останеме обединети како никогаш досега. Еден за сите, сите за еден. Во спротивно, сме готови“, напиша Туск во објава на социјалната мрежа X.
Полскиот премиер претходно, во своето новогодишно обраќање, посебно се осврна на воената модернизација на Полска, нагласувајќи дека земјата гради „најголема модерна армија во Европска Унија“, со цел да се обезбеди безбедноста на Полска и Европа од исток.
Изјавите на Туск доаѓаат во време на зголемени безбедносни тензии на европскиот континент и засилени дебати за улогата на Европската Унија во колективната одбрана и сопствената стратешка автономија.
