Туск: Украина е подготвена да се бори уште три години

Полскиот премиер Доналд Туск изјави денес дека Украина е подготвена да продолжи да се бори против Русија уште две до три години, но предупреди дека постои стравување оти конфликтот би можел да трае со децении.

Во интервју за британскиот „Сандеј Тајмс“, Туск изјави дека постои реална опасност Кремљ да ги насочи своите напади и кон земји членки на НАТО, што би можело да ја доведе Велика Британија во директна опасност доколку Русија нападне некоја од членките на Алијансата.

Туск ја изрази својата загриженост поради опаѓањето на интересот и апатијата на британската јавност кога станува збор за националната безбедност и поддршката за Украина.

„Украина има право да ги напаѓа руските цели ширум Европа,“ изјави тој, нагласувајќи дека Киев се плаши од долгорочните економски и човечки последици доколку војната продолжи повеќе од неколку години.

Полскиот премиер истакна дека западните сојузници мора да ја задржат единственоста и решителноста во поддршката на Украина, бидејќи секој знак на слабост би можел да го охрабри Кремљ да ја прошири агресијата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни