Полскиот премиер Доналд Туск денеска изјави дека мировните преговори за ставање крај на руската војна против Украина се „далеку од завршеени“ и порача дека Западот и Украина мора да останат обединети.
„По вчерашните разговори со европските лидери стана јасно дека западните земји и Украина ќе ја загубат конфронтацијата доколку Русија успее да ги подели и да ги диктира условите за мир. Изјавата за учество на САД во безбедносните гаранции е успех. Но преговорите сè уште се далеку од завршени“, напиша Туск на платформата X.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во неделата се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп во Флорида, каде што разговарале за условите за воспоставување мир меѓу Украина и Русија.
