Апсењата се дел од акцијата против Републиканската народна партија (ЦХП), главната опозициска партија на претседателот Реџеп Таип Ердоган.
Турската полиција денеска приведе вработени од две општини во Истанбул – пет од Бешикташ и двајца од Авџилар, објави НТВ.
Тие се обвинети за наводна корупција во општините управувани од ЦХП.
Градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, главен политички ривал на Ердоган, исто така, беше уапсен во март во слична акција, што е дел од жестокиот притисок врз опозицијата, пишуваат британските медиуми.
Опозициската партија ги негира обвинувањата.