Имамоглу, член на ЦХП кој според некои анкети има предност пред Ердоган, беше уапсен во неделата и задржан во притвор до судењето под обвинение за корупција. Овој настан предизвика најголеми антивладини протести во последната деценија, проследени со масовни апсења низ целата земја.
Адвокатот кој го застапуваше Имамоглу во најновата истрага, Мехмет Пехливан, исто така беше уапсен „под измислени обвиненија“, изјави пратеникот на ЦХП, Туран Ташкин Озер, во објава на социјалната мрежа X.
Имамоглу, кој привремено е отстранет од функцијата градоначалник поради тековниот судски процес, побара итно ослободување на својот адвокат.
„Како да не беше доволно што ја украдоа демократијата, сега не можат да поднесат ни тоа жртвите на оваа кражба да имаат одбрана“, напиша Имамоглу на X, пренесува Reuters.