Турски воен транспортен авион се урна во Грузија, загинаа 20 војници

Авионот Ц-130 полетал од Азербејџан и бил на пат назад кон Турција кога се урнал, објави турското Министерство за одбрана на социјалната мрежа Х.

Турски воен транспортен авион од типот Ц-130, кој полетал од Азербејџан кон Турција, денеска се урна во Грузија, при што загинаа сите 20 војници кои беа во него, соопшти денеска турската Влада.

Авионот Ц-130 полетал од Азербејџан и бил на пат назад кон Турција кога се урнал, објави турското Министерство за одбрана на социјалната мрежа Х.

Видео снимките емитувани од медиумите покажуваат како авионот паѓа спирално, оставајќи трага од бел чад.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека е „длабоко растажен“ и изрази сочувство за загинатите во несреќата.

Претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, исто така, изрази сочувство до неговиот турски колега Ердоган поради инцидентот.

Во својата порака, Алиев напиша: „Длабоко не погоди трагичната вест за загубата на воени лица во несреќата на воениот карго авион на турските воздухопловни сили, кој полета од Ганџа и се урна на грузиска територија“.

„Во овој момент на тага, ја споделувам вашата болка и, во свое име и во име на народот на Азербејџан, упатувам искрено сочувство до Вас, семејствата и најблиските на загинатите и братскиот народ на Турција“, изјави Алиев.

Започната е операција за пребарување и спасување во координација со азербејџанските и грузиските власти, соопштија надлежните.

Грузиското Министерство за внатрешни работи соопшти дека авионот се урнал во општината Сигнаги, во близина на азербејџанската граница, и дека е отпочната истрага.

Авионот Ц-130Е Херкулес, тактички воздушен транспорт со четири турбопропелерски мотори, е широко користен од турските вооружени сили за транспорт на персонал и за логистички операции. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни