Суд во Истанбул денеска одреди истражен притвор за седум турски новинари, вклучувајќи и фотографот на AFP, кои беа обвинети за учество на нелегални собири, соопштија една невладина организација и новинарски синдикат.
Новинарите, кои ги следеа протестите предизвикани од апсењето на опозицискиот градоначалник на Истанбул на 19 март, а кои беа забранети во три најголеми турски града, беа уапсени рано утринава во своите домови.
Покрај новинарот на AFP, Јасин Аkgул, чии фотографии беа преземени од Истанбулскиот музеј на современа уметност, меѓу уапсените е и турскиот фотограф Булент Килич, поранешен работник на AFP, чие дело освоило бројни меѓународни награди.
Невладината организација „Новинари без граници“ ја оцени одлуката на судот како „скандалозна“.
„Ова е прв пат јасно да биде идентификуван новинар, кој во вршењето на своите должности, е притворен врз основа на овој закон за забранети собири и демонстрации“, изјави Ерол Ондероглу, претставник на „Новинари без граници“ во Турција.
Три други новинари, уапсени во Измир, и уште еден во Истанбул, сè уште чекаат исход на судскиот процес против нив, соопшти турската невладина организација за човекови права MLSA.
Турскиот синдикат на новинари ја осуди „незаконската одлука“ против седумте новинари, потсетувајќи дека нивната работа е да излезат на терен и да известуваат за случувањата.
Вкупно 1.418 лица, обвинети за учество на забранети собири, биле уапсени од 19 март, соопштија турските власти.