Турски полицаец почина од прострелни рани здобиени за време на рација против дрога во Истанбул

Полицаецот Емре Албајрак, член на специјалната единица која спроведувала оперативни активности во населбата Чекмекој на азискиот дел од градот, бил пренесен во болница со сериозни прострелни рани, но лекарите не успеале да го спасат.

„Нашиот полицаец Емре Албајрак, кој беше тешко повреден за време на операција против наркотиците во Чекмекој, не можеше да биде спасен,“ соопшти Кабинетот на гувернерот на Истанбул.

Напаѓачот кој отворил оган врз полицијата бил убиен, а уште две лица се уапсени, соопштија локалните власти.

Турција последниве години се соочува со пораст на криминал поврзан со дрога. Според извештај на Националниот оддел за борба против наркотиците, минатата година бројот на инциденти поврзани со дрога се зголемил за 23 проценти во однос на 2023 година.

Министерот за внатрешни работи Али Јерлијака објави на социјалните мрежи дека во изминатата недела биле приведени 970 осомничени во рамки на национални операции за сузбивање на наркокриминалот.

Извор: Euronews

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни