Турски авион Ф-16 се урна крај автопат, загина пилотот

Борбениот авион се срушил во близина на автопатот Истанбул–Измир во западна Турција, а причините за несреќата сѐ уште се утврдуваат.

Борбен авион Ф-16 на турските воздухопловни сили се урна рано утринава во западна Турција, при што загина пилотот, соопштија турските власти, пренесува АП.

Контактот со авионот бил изгубен кратко по полноќ, непосредно по полетувањето од 9-тата главна воздухопловна база во покраината Баликесир, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана.

Веднаш била започната потрага и спасувачка операција, а остатоците од авионот биле брзо лоцирани. Од министерството информираа дека пилотот „загинал во служба“.

Според турскиот весник „Хуријет“, авионот се урнал во близина на дел од автопатот Истанбул–Измир, при што остатоци биле расфрлани на поширока површина. На местото на несреќата биле испратени безбедносни сили, пожарникари и медицински екипи.

Причината за падот засега не е утврдена. Министерството за одбрана соопшти дека ќе биде спроведена истрага од специјален тим за испитување на авионски несреќи.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни