Обилните дождови и поплави го погодија туристичкиот рај, регионот Коста дел Сол во Шпанија. На драматичните слики кои го обиколија светот, се гледа како торнадото во воздух ги крева и ги носи остатоците од рушевините над брегот на популарната туристичка дестинација Марбела, додека водата ги поплавува познатите градски шеталишта покрај морето.
Засега нема извештаи за повредени. Во Малага, жителите снимија автомобили како пливаат низ длабоките води на патишта кои вообичаено се прометни. Напуштените автобуси се заглавени во длабоката вода, а поројот ги носеше бариерите на патиштата.
Илјадници граѓани беа принудени да се евакуираат и да ги затворат своите домови и апартманите за изнајмување.
Сликите и видеата на социјалните мрежи покажуваат шокантни сцени на дожд, како врне од таванот на познатиот трговски центар Ел Корте Инглес во Малага, со премини наполнети со вода, и сите потсетуваат на веќе видените сцени во Валенсија, пред две недели.
Шпанската метеоролошка служба АЕМЕТ, вчерач попладне ги обнови своите предупредувања, информирајќи дека Х ќе донесе „многу силен дожд и невреме “ а ќе ги погоди Малага, Гранада, Тарагона и повторно брегот на Валенсија.
Илјадници луѓе беа евакуирани од домовите и становите за одмор во регионот Коста дел Сол, откако метеоролошката тревога за областа беше зголемена од жолта на црвена, а локалното население и туристите беа предупредени на „екстремна опасност“.